Локации кои сакаат да ве убијат

Преку разните вулкани, урагани, цунами, поплави, смрзнувања и екстремни топлини, сфативме дека природата е голем непријател на цивилизацијата. Не можеме да влијаеме врз неа, а ако сакаме да го направиме тоа можно е да поминеме уште полошо.

Во тој прилог, следуваат пет локации кои со својата убавина мамат многу луѓе, но ако некој помине некое време таму, сигурно ќе заврши мртов.

Национален парк Синги де Бемараха, Мадагаскар



Овој национален парк е заштитен од УНЕСКО, но всушност не му треба никаква заштита. Синги е природна стапица од 400км2, составена од масивни тенки издолжени шпицести карпи.

Биолозите го нарекуваат овој регион био-тврдина. Паркот е неистражен, па кога и да замине некоја екипа на експедиција пронаоѓаат отприлика пет нови видови живи организми. Во оваа био-тврдина дури живее и гуштер, кој има глава од крокодил. Ова не треба да ве чуди, затоа што 90% од сите видови кои живеат во Мадагаскат се ендемни.

Островот на змиите, Бразил



Претпоставуваме дека веќе знаете за што се работи. Замислете си остров каде што речиси е невозможно да се движите, а да не настапите на смртоносна змија. Ова место, кое се наоѓа близу крајбрежјето на Бразил може да го посетат само научниците со специјални дозволи. Тоа е така затоа што е преполн со отровни змии чие размножување одамна излегло од контрола. Се проценува дека на 43.000м2 на југоисточното крајбрежје во Бразил постои по една змија на секој метар квадратен.

Езерото чија вода врие, Доминиканска република



Езерото е длабоко 60м и има вода која непрестајно врие. Тоа не се меурчиња или некоја терапевтска вода, бидејќи кога ќе влезете таму буквално ќе се сварите.

На краевите на езерото, температурата на водата во просек изнесува 90°С, додека центарот на езерото никогаш не било измерено. Околу езерата се поставени предупредувања на сите страни. Некој турист се приближил до езерото и сварил јајца, но она што не го очекувал е дека јајцата веднаш ќе поцрнат штом влезат во водата. Никој не може да го објасни овој феномен.

Болтон Стрид, Јоркшајр



Ова поточе изгледа како сосема безопасен дел од природата. Но, ако некогаш стигнете до тука – не му се доближувајте. Тоа е само уште еден убиец кој работи за планетата Земја. Болтон Стрид е всушност дел од реката Варфе.

Што всушност се случува со реката Варфе?

Иако е длабока 6 метри, наеднаш се претвора во мало безопасно поточе (Болтон Стрид) чија длабочина се уште не е измерена. Кој и да паднал во овој поток не излегол жив.

Бермудскиот триаголник, Атлантски океан



За ова место нема кој не слушнал. Се работи за регионот во западниот дел на Атлантскиот океан, познат како ѓаволски триаголник бидејќи проголтал голем број на авиони и бродови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби