Ким Кардашијан неодамна објави фотографија од нејзиното голо тело, кое доби мноштво коментари. Оригиналната фотографија е во нејзината бања пред огледало, но многу набрзо излегоа уште интересни фотографии, пародии од корисниците на социјалните мрежи.
Твитерџиите беа најхрабри и се фотографираа сосема голи, покривајќи ги само интимните делови исто како и старлетата.
Секако, пародиите на фотографиите не би биле интересни без оригиналната Елен Деџенерис, која постојано се потсмева со славните. Овој пат таа се фотошопираше на фотографијата легната во када.
Исто така, интересни се и фотографиите од тепих и од куче.
Но, најдобра фотографија несомнено е онаа на која Ким е покриена со пораката „Само што го поправив интернетот“.