Урнебесен хит на интернет: Мажот со писмо до швалерот на жена му

Додека повеќето мажи би полуделе ако дознаат дека нивната жена ги изневерува, еден маж од Пенсилванија тој факт и не го земал многу при срце. Напротив, на љубовникот на неговата сопруга решил да му напише писмо со правила до кои би требало да се придружува за „мир во домот“ заедно со фотографија од негов чорап. Писмото стана хит на интернет, а ви го пренесуваме во целост:



Ова е за типот кој има секс со мојата сопруга. Ти знаеш кој си. Да, сè знам и не сум лут. Само те молам за неколку работи, на крај, имаш секс со мојата жена.

1. Те молам, престани да ја оставаш дигната даската на вц шолјата, сопругата цело време мене ме обвинува и преку глава ми е од тоа.

2. Да, поради тебе можам почесто да одам на риболов, но те молам, престани да ми го пиеш пивото. Во ред е ако испиеш неколку (и мене тоа ми е потребно за да ми биде атрактивна сопругата), но остави барем неколку. Јас овде мора да сум многу подолго од тебе.

3. Ако пак ги испиеш сите, барем сам купи пиво или остави пари на масата, јас ќе купам.

4. Кога ќе ја потрошиш целата тоалетна, стави нова. Мојот 5-годишен син од некоја причина верува дека не треба да се избрише ако нема хартија. Хартијата стои под лавабото. Можеби имаш предлог за некое подобро место?

5. Откако ќе имаш секс со жена ми, те молам избриши се со нешто за еднократна употреба. Корпата со облека на десната страна е моја и таа облека е чиста. Самиот си ја перам, тоа не го прави таа. Минатата недела една маица беше целосно „леплива“.

6. Те молам, немој на моите деца да им зборуваш дека си им чичко. Тие се само млади, не се глупи.

7. Те молам престани да го пушташ греењето на појако. Јас ги плаќам сметките.

8. Ако те праша дали изгледа дебело во некои панталони кажи само „не“. Ако и кажеш „да“, тогаш можеби и ќе размисли да изеде цела канта сладолед и така да ослаби, но единствено што ќе направиш е што ќе и овозможиш додатна причина да купува уште повеќе облека во која ќе изгледа исто така дебело.

9. Престани да ги јадеш домашните колачи. Тие колачи кои си ги изел ми ги прати мајка ми за роденден. Мојата сопруга нема подготвено нешто ни приближно вкусно.

10. Потруди се да го менуваш местото на седење кога седиш во мојата фотелја. На левата страна си направил дупка и тоа многу ме иритира кога гледам натпревари на ТВ.

На крај, сакам да ти заблагодарам што ја однесе на ручек во Valentino. Потоа не беше многу гладна како обично, па нарача само еден оброк. Во тие моменти ќе заштедам многу и наскоро ќе можам децата да ги однесам на кино. Се надевам дека ќе ми помогнеш со сите овие работи, бидејќи ќе биде многу непријатно ако морам неа да и се спротивставам. Ако можеш да ми се најдеш, тогаш јас ќе ти се јавувам кога ќе излегувам и кога ќе доаѓам дома, да не мораш да брзаш.

П.С. На почетокот на април заминувам со децата на четири дена. Ако ти снема пиво, над фрижидерот чувам вотка.

Ова не го напиша никој под име Џек С.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како Црногорци градат автопат?
- Ќе направат 10 километри и ќе стават знак "итн."

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
06:00 СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на...
Верски календар
маченик Кодрат Коринтски. Кога во 249 година по Христа на римскиот престол дојде царот Декиј Трајан, за христијаните започна еден од најлутите прогони. Многумина беа затворени....
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби