Не го сакам веќе „Frozen“, сега сум Wonder Woman

Филмот „Wonder Woman“ руши рекорди со гледаност и со заработка, а истиот му е интересен и на многу дечиња. Па така, до режисерката Пати Џенкинс стигнал еден меил во кој некоја воспитувачка во градинка ги напишала реакциите на децата кои го погледнале филмот. Воспитувачката сакала само да ја потсети режисерката за успешноста на нејзиниот филм.

  • Во понеделникот, момче кое беше опседнато со Iron man, ми кажа дека побарал од родителите да му купат кутија за ручек со Wonder Woman.

  • Едно девојче кажа: Кога ќе пораснам сакам да зборувам илјада јазици како Дајана.

  • Родителите на едно девојче мораа да ја реорганизираат нејзината роденденска забава во три дена, затоа што таа во последен момент посакала да биде тематска како Wonder Woman.

  • Седум девојчиња си играа во една дупка, при тоа зборуваа дека сите сакале да се Wonder Woman, па сите биле Амазонки и не се тепале, туку работеле против злото.

  • Едно девојче не сака да те слуша, освен ако не и се обратиш со Wonder Woman.

  • Имавме претстава на училиште и сите деца ме прашаа дали може да дојдат облечени како супер херои, а пееја песна за зајчиња.

  • Едно момче се налути и крена пластичен автомобил врз глава, а едно девојче веднаш извика: Како во филмот!

  • Момче фрли ѓубре на земја, а 5-годишно девојче извика: Немој да загадуваш, е затоа нема мажи во Темискира.

  • Зборував со едно девојче кое не го гледала филмот и следниот ден дојде и сериозно ми кажа: Во право беше, „Wonder Woman“ е многу подобар од „Frozen“.

Уште еден интересен податок за филмот е тоа што главната актерка Гал Гадот била бремена за време на снимањето на филмот, но сепак не сакала да го сподели тоа со филмската екипа, бидејќи сакала кон неа да се однесуваат како кон сите други. Денес, таа е горда мајка на две дечиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби