Постојат многу примери на прекрасна љубов која кучињата ја искажуваат кон луѓето, а оваа видео снимка на која можеме да видиме бебе во креветче и мило куче уште еднаш покажува дека овие животни претставуваат пријатели за цел живот.
Малата Лаура се наоѓа во своето креветче, каде се досадува. Меѓутоа, тука е нејзиниот верен пријател на четири нозе по име Чарли, кој и тоа како се потрудил за да го забавува детето.
Знаејќи дека малата Лаура сака топки, кучето се потрудило да и донесе во креветчето. Не една, не пет, туку десетина.
Неверојатно симпатичната ситуација ја забележале и родителите на Лаура па ја поставиле снимката на YouTube.