Никој не сака да чека. Токму тоа ги прави раскрсниците низ градот најопасното место за пешачите. Но, што ако се направи чекањето да стане интересно? Со помош на мала креативност и добра волја од властите, улиците на Лисабон сега ги красат „разиграни“ семафори.
Но, уште поинтересен е начинот на кој ова е решено! Секој танц кој е прикажан се изведува во живо! Поставени се соодветни простории каде секој може да влезе и да го изигра танцот кој се пренесува на семафорите.
Секое разиграно човече е всушност случаен минувач кој решава да се позабавува и да се расположи не само самиот, туку и пешаците кои чекаат да се запали зеленото светло.
Можете ли да претпоставите каков е крајниот резултат? Луѓето почнале да застануваат на црвеното светло дури 81% повеќе од претходно. Со помош на креативноста, безбедното станува и забавно!
Погледнете!