„Му пукнал филмот“ па на сред аеродромот се соблекол само по чорапи

Санкт Петербург, 24 февруари 2015 (МИА) - Еден вработен на аеродромот во рускиот град Санкт Петербург стана ѕвезда на интернет, откако се соблече само по чорапи пред вооружените чувари.

Имено, по завршувањето на работното време 31-годишниот Георги Мјакинкин тргнал да си оди дома, но кога излегол од аеродромската зграда се сетил дека на работа ги заборавил клучевите од неговиот стан.

- Се вратив на аеродромот и токму бев во делот каде доаѓаат патниците, кога ме застанаа и ме замолија да го извадам ременот и да поминам низ скенерот. Ги знам правилата и знам дека не е потребно во тоа подрачје да се биде така суров. Но, чуварите беа претерано нерасположени и кога одбив и реков дека се враќам по клучевите, тие викнаа полиција, објасни тој по случката.

Полицајците, исто така, побарале од него да го извади ременот, по што тој се налутил, целосно се соблекол и низ скенерот минал само по чорапи.

Збунетите полицајци останале без текст и му дозволиле да се облече и да си оди.



Следниот ден кога се дошол на работа, дознал дека снимката од видео надзорот се појавила на интернет и дека станала вистински хит.

Започната е истрага за тоа кој ја објавил снимката во јавноста, а Георги решил да ја тужи полицијата поради објавување на видеото.

- Знам дека ја пуштија снимката во јавност за да ме посрамотат, но јас последен ќе се смеам, изјави Мјакинкин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби