Кејти Пипер е една навистина среќна жена. Откако остана без левото око и со нагрдено лице поради изгорениците од трет степен, денес повторно може да се погледне во огледало благодарение на операцијата со матични клетки.

Докторите од болницата Queen Victoria, успеаја да и го повратат изгубеното око со помош на очно ткиво од рожницата на анонимен машки донор. При хируршката интервенција е користена и амнионска мембрана односно постелка од жени кои имале породување со царски рез.
-Ова е прекрасно чувство. Изгледа како некој да ми го тргнал превезот и мојот вид да се вратил постепено, изјавува Кејти.

Пипер заврши изобличена и без око откако нејзиното поранешно момче нарача да и се фрли сулфурна киселина во лице. По инцидентот направи низа на пластични операции со цел да го врати поранешниот изглед.