вторник, 07.02.2012

IDIVIDI Мени

Најекстремни спортски активности за „храбро-лудите“

Дури и на оние кои себе си се нарекуваат зависници од адреналин ќе останат вчудоневидени кога ќе дознаат какви сè екстремни спортски подвизи се нудат низ светот. За следниве осум активности потребно е многу повеќе од храброст. Можеби лудост? Проценете сами.

Кафез на смртта, Австралија

Замислете дека сте во некој огромен кафез ставен во вода и дека таму се наоѓа крокодил кој треба да ве дофати. Кафезот е стаклен, така што добивате чувство дека набрзо ќе настрадате.

Во кафезот сте затворени 15 минути, за време на кои го гледате крокодилот како се обидува да ве изеде. Токму за такво нешто „мечтаат“ некои луѓе и скапо ја плаќаат оваа адреналинска инјекција.

Скокање од екстремно висока карпа, Норвешка

Заради нејзината преубава природа и извонредни пејсажи, Норвешка е земја која сите сакаат да ја посетат. Еден од многубројните спортови кои се одржуваат во оваа скандинавска земја е скокање од екстремно висока карпа.

Многу спортисти и други зависници од адреналин кои се желни за возбуда тврдат дека овој скок е најдоброто нешто што им се случило во животот.

Возење со чамец покрај водопад, Аргентина и Бразил

Регионот Игзазу е една од најимпресивните глетки кои може да се видат низ светот. Во него има прекрасни прашуми и 257 водопади, а уште поинтересно е дека е дека каскадите се повисоки и два пати пошироки од Нијагрините водопади.

За цена од 15 американски долари, можете да се качите на Игзазу турата со чамец која ќе ве остави без здив. Но, минатата година ова доживување остави двајца американски туристи без живот и пет повредени кога еден чамец удрил во карпи и се превртел.

Одење по работ на кулата CN, Торонто, Канада

Познатата кула CN во Торонто го држи Гинисовиот рекорд за нејзината атракција - највисока надворешна прошетка на зграда.

Оваа атракција им овозможува на посетителите половина час да одат по 1,5 метри широк раб кој ја заобиколува зградата на висина од 365 метри над градот (или 116 спрата), заштитени со безбедносни појаси, за цена од 175 долари.

Оваа активност е отворена за јавноста на 1-ви август минатата година, а одговорните велат дека до сега има привлечено огромен број на трагачи по возбуда на возраст од 13 до 90 години.

Вулкански банџи скок, Чиле

Ако мислите дека банџи скокот кон површина на вода прицврстени со појас е екстремно само по себе, се лажете. Скокањето банџи кон отворена активна вулканска дупка е вистински рецепт за адреналинско доживување кое ќе го раскажувате цел живот.

Тоа можете да го направите со понудата за шестдневен пакет кој вклучува преноќувања и некои други активности, а чини 9995 долари.

Пешачење El Caminito del Rey, Шпанија

Адреналинските зависници патуваат во Шпанија за да ја искусат 110-години старата и екстремна „El Caminito Del Rey“ патека, која е направена од дрвени даски. Позната е и како Кралска патека, која била направена во 1905-та со првобитна намена за работниците кои работеле помеѓу две хидроелектрани.

Но, и оваа екстремна активност зема човечки жртви. Имено, во 2000-та патеката била затворена по смртта на двајца туристи кои паднале од неа. Условот кој мора да го изполните доброволно да си го ставите животот на ваков ризик е да имате повеќе од 12 години.

Кајакарење со китови, Алјаска

Додека комбинацијата на кајакарење со уживање во глетката на природата или рибарење секако е доволно добра причина за луѓето да веслаат, некои кајакари бараат поголем предизвик. Заинтересираноста за екстремното кајакарство со ајкули и китови е сè поголема.

Зорбинг, Нов Зеланд

Зорбинг е името на новиот спорт кој всушност подразбира дека човек влегува во огромна пластична топка и се тркала низ брдо. Зорбингот првобитно настанал во Нов Зеланд, а го покренала фирма со име „Have You Got the Balls“.



Наjновo од Панорама
Најекстремни спортски активности за „храбро-лудите“
Босански снежни скокови видео
Бордање по улците на Белград видео
Девојката со пластично лице прогледа
Војната на рекламите на Super Bowl видео
Хрватка се породи со лекарска помош по телефон
Како изгледале првите ролери? видео
Разоткријте ги 10-те најголеми заблуди видео
Мравките изградиле свој кинески ѕид
Лажен робот фаќа убавица за гз видео
Брод со 10 тони злато пронајден на дното на Атлантикот
Нов Гинисов рекорд - 145 лица заедно скијаа на вода видео
Направил куќа од милијарда евра повлечени од оптек
Чилеанец украде пет тони мраз од глечер
  IDIVIDI Сервиси
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи