Матурска парада по шести пат во Македонија

Со звуците на штраусовата опера „Лилјакот“ денеска матураните од Македонија по шести пат се приклучија кон глобалната манифестација „Матурска парада“.

Годинава познатиот квадрил точно напладне го играа матуранти од Скопје, Струга, Охрид, Ресен, Гевгелија и Струмица.

- Вие сте нашата иднина, иднината на Градот Скопје и Република Македонија и веруваме дека ќе успеете во животот да го остварите она што сте го замислиле. Денеска во многу градови од Европската унија стотици млади матуранти исто вака ја прославуваат матурата. Ние стануваме дел од тие европски градови и даваме значаен придонес во прославувањето на матурата на овој начин, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој е покровител на манифестацијата.

Матурантите заедно испратија и порака за ненасилство, а покрај познатиот „квадрил“ играа и самба како модерен танц.

Македонија за првпат во 2007 година на иницијатива и во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и танцовиот клуб „Ритам плус“ и со поддршка од Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт се приклучи кон оваа меѓународна манифестација.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана. Од година во година бројот на градови и матуранти расте. Изминатата деценија кон оваа манифестација се приклучија 161.680 матуранти од 100 градови од Словенија, Италија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Романија. „Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ и се игра во четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби