Од каде таа има толку пари: Банкрот и измами околу Емина Јаховиќ!

Топ селебрити тема на Балканот денеска е веста дека турските власти започнаа да го испитуваат потеклото на имотот и парите на познатиот пејач и композитор, Мустафа Сандал, кој во нашиот регион е познат како маж на Емија Јаховиќ.

Пејачката не остана нема на сите шпекулации и написи по медиумите па реши да се изјасни за целата ситуација:

- Ние сме чесни луѓе, не сме криминалци па да проневериме пари на било кој начин. Чесно си заработуваме и се занимаваме со оваа работа. Никогаш немавме проблем со законот, рече за Blic пејачката Емина, кога беше прашана за пишувањата на турските медиуми дека нејзиниот сопруг, кој е еден од најпознатите турски пејачи и композитори има проблеми со законот околу затајувањето на данок и неколку измами.

Емина овие денови се наоѓа во Белград, каде снима спот за најновата песна.

Главна тема во турските медиуми последните денови се парите кои овој пар немилосрдно ги троши, а новинарите го поставуваат секогаш истото прашање, „Од каде им се“?!“

Како што пишуваат медиумите се започнала откако еден композитор од Грција го тужел Мустафа Сандал за авторски право, наведувајќи дека Сандал ја украл неговата песна која ја обработил, ја продавал преку интернет и заработил цел милион турски лири (околу 350.000 евра) за два месеца! Тогаш започнаа и приказните за измамата и тамошните власти започнаа да ги проверуваат приказните за потекло на имотот на Мустафа и Емина кој го поседуваат.

Според медиумите, Сандал перел пари од 2001-та година, најпрво преку издавачката куќа на својот менаџер, а потоа и преку својата. Менаџерот наводно е осуден на три години затвор и платил два милиони лири (700.000 евра), а Мустафа се уште е на суд.

Адвокатот на Сандал барал на пејачот да му се суди по стариот закон од 2000-та година, по кој би добил казна од три до шест месеци и казна до 50 милиони лири (17 милиони евра), додека обвинителството инсистира да му се суди по новиот закон по кој за секое вакво дело пропишана е затворска казна до две ипол години и парична казна околу 52 милиони евра.

- Тоа се само приказни, колку да има што да се пишува. Сето тоа е преувеличено. Се пишуваше и за недвижностите и за бродот кој го купивме, но тоа нема врска со проневера на пари. Јахтата се води на нејзино име.

На прашањето на Blic да открие дали скапоцената јахта која нејзиниот сопруг неодамна ја купил за два милиона евра, а за опремување наводно се потрошени преку 100.000 евра, како што пишуваа турските медиуми, го носи нејзиното име, Емина се збуни:

- Па, мислам дека тоа... ние сме... Малку е глупаво да зборувам за тоа, рече Емина, а потоа се посоветува со својот PR кој и рече што треба да каже.

- Тие работи немаат врска со мојата кариера, кратко одговори. Новата јахта инаку, како што пишуваат турските весници се води на ими на Емина Сандал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби