Почина актерот Благоја Спиркоски-Џумерко

На 69-годишна возраст претпладнево во Прилеп почина доајенот на прилепското и македонското глумиште, актерот Благоја Спиркоски-Џумерко.

Тој беше роден во Прилеп во 1946 година и преку 45 години е на театарската сцена, прво на матичниот, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Има остварено бројни актерски улоги, но најпознат е по улогата на Итар Пејо од „Солунски патрдии“.

- Иако неговиот актерски опус опфаќа широк спектар на ролји од најразличен жанр во дела од светската класика и современа драматургија, сепак најзабележителни се неговите остварувања во делата од домашната драмска продукција. Некои од неговите најзначајни ролји се токму во дела на автори, како што се: Ристо Крле, Јордан Плевнеш, Миле Попоски, Благоја Ристески-Платнар, Блаже Миневски, Блаже Алексоски и др. Показателни за неговата актерска сензибилност и афинитет се и неговите креации во камерните театарски форми (Ибро Јаране), а неодминлив е и неговиот потфат за опробување на теренот на лизгавиот жанр на монодрамата, стои во образложението на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој во 2011 година му ја додели наградата за животно дело.

Прилепскиот народен театар информира дека Благоја Спиркоски-Џумерко останува во историјата на македонскиот театарски израз како актер кој секогаш го привлекуваше вниманието на публиката.

- Џумерко останува во нашата меморија со неговиот длабок актерски сензибилитет, но и како човек кој духовноста и духовитоста ја пренесуваше и надвор од сцената. Прилепскиот и македонскиот театар загуби еден од своите доајени, рече Стојан Дамчески, раководител на Прилепскиот театар.

Во театарот ќе се одржи комеморација по повод смртта на Благоја Спиркоски Џумерко. За терминот ќе има дополнително исвестување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...