УСПЕШНИ, СРЕЌНИ, НО...

Шокантни болести на познатите

Секогаш ги гледаме насмеани и дотерани на црвениот тепих, па често забораваме дека и тие се обични луѓе, кои не се имуни на болести. Сепак, иако живеат со сериозни заболувања, тие се успешни и среќни, па затоа претставуваат вистинска инспирација.

Мајкл Џеј Фокс

На овој 54-годишен актер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991-та година, кога имаше само 30 години, иако тој тоа и го соопшти на јавноста дури седум години покасно. Повеќето луѓе кои боледуваат од оваа болест дијагнозата ја добиваат дури околу педесетта година. Паркинсовата болест е мозочно пореметување кое прогресивно се влошува, доведувајќи до карактеристичен тремор (упадливо присилно тресење на телото), потешкотии во одењето и има ефекти врз движењата.

Шенон Доерти

Оваа 44-годишна актерка која стана популарна во серијата "Беверли Хилс" каде ја играше Бренда Волш, објави дека боледува од Кронова болест во 1999-та година. Оваа автоимуна болест доведува до воспаление на дигестивниот тракт и многу непријатни симптоми, како што се грчеви во стомакот и дијареа.

Не постои лек, но болеста е таква што влегува во неактивна фаза, по што повторно се јавува.

Меџик Џонсон


Поранешниот американски 55-годишен кошаркар го шокираше светот кога во 1991 година откри дека има ХИВ. Поминаа речиси 22 години, но тој се уште добро се држи, благодарение на коктел од лекови кои ги конзумира секој ден, што дава надеж за сите заболени од овој вирус дека имаат можност за нормален живот.

Ким Кардашијан



Кој би рекол дека 34-годишната Ким која освен по облините е позната и по својата совршена кожа всушност страда од псоријаза. Најпопуларната ријалити ѕвезда тоа успешно го крие, но со време на време добива осип и реакција на кожата, кои се карактеристични за оваа болест. Псоријазата е, исто така, автоимуна болест, во која имуниот систем мисли дека кожата е патоген, па ја напаѓа.

Памела Андерсон

Четириесет и седумгодишната поранешна „чуварка на плажата“, која своето име го стекна како Си Џеј Паркер во серијата "Baywatch", во 2002-та година призна дека таа боледува од хепатит Ц, и дека болеста ја добила од нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли, со кого делеле иста игла за тетовирање. Хепатит Ц е неизлечиво вирусно заболувања, кое често не дава никакви симптоми, но може сериозно да го оштети црниот дроб и да доведе до цироза.

Џек Озборн



Со само 26 години, неколку недели откако тој за прв пат стана татко, синот на легендарниот пејач Ози Озборн доби дијагноза на мултиплекс склероза. Озборн (29) живее со оваа невродегенеративна и автоимуна болест, што доведува до тоа неговиот имунолошки систем да го напаѓа мозокот и 'рбетниот мозок, што резултира со неможност за контрола на мускулите, губење на видот и рамнотежа, како и трнење и вкочанетост.

Дејвид Бекам



На овој заводник навистина е тешко да му се најде мана, а пати од пореметување кои значително му го отежнува животот - опсесивно компулсивно поремтување и Туретов синдром. Бекам (40) призна дека работите мораат да му бидат поредени во линија, или пак да бидат во пар, како и тоа дека кога отседнува во хотел, не може да се опушти додека сите книги и летоци кои се наоѓаат во собата не ги стави во фиока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби