Познати личности кои играле стриптизСледната недела легендарниот филм „Magic Mike XXL“ ќе доживее премиера во Cineplexx, која девојките долго време ја чекаа. Откако Ченинг Татум, Џо Манганиело и Мет Бумер играа стриптиз во првиот дел од филмот, никој не можеше да остане рамнодушен.
Кои други познати ѕвезди заиграле стриптиз во филмови?
Џенифер Анистон, We’re the Millers
Фармерките на мама Роуз се соблекоа, а таа почна да ги користи своите танчерски способности за да излезат од опасната ситуација.
Џенифер Билс, Flashdance
Работничка преку ден, еротична танчерка преку ноќ. Токму сцената кога игра стриптиз на столче, се смета за една од најјаките стриптиз сцени.
Метју Меконахју, Magic Mike
Можеби главниот лик во филмот го толкуваше Ченинг Татум, но особено внимание привлече и Метју. Тој едноставно знаеше што сакаат девојките.
Џесика Бјел, Powder Blue
Во овој филм, Џесика покажа неверојатни потези и мазно тело. Едноставно, Џастин Тимберлејк е навистина среќен маж!
Деми Мур, Striptease
И самохраната мајка треба на некој начин да заработува пари за детето, нели?
Роуз Мекован, Grindhouse
Oткако Чери од Grindhouse беше нападната од зомби, реши да го промени начинот на живот, па така стана одлична го-го танчерка, која ни ги плакнеше очите.
Џесика Алба, Sin City
Девојката со милно лице и златно срце, заигра стриптиз облечена во кожни панталони и градник, а јажето дополнително ја загреваше атмосферата.
Селма Хаек, From Dusk till Dawn
Многумина би се сложиле дека ова е еден од најдобрите филмови во кои има стриптиз, а Селма е вистинската жена, која знае како да игра дури и со змија.
Натали Портман, Closer
Токму за овој филм, Хатали доби оскар за најдобра женска споредна улога, а стриптизот и тоа како имаше удел во тоа.
Бен Афлек, Forces of Nature
Се уште не знаеме зошто мажите во публика збеснаа по Бен кој се соблекуваше, но сигурни сме дека Сандра Булок беше заслужна за тоа.
|