Кејт Мидлтон нема култура и е срам за кралското семејство!

Со потекло од средната класа и љубовта кон тесните здолништа, Војвотката Кејт Мидлтон се смета за вистинско модно освежување на кралското семејство. Но, тоа не е така според професорката Хелен Ватанејб – Окели, дипломирана на претижниот универзит Оксфорд.



Таа вели дека сопругата на принцот Вилијам е „излезена“ од 16-от век, но и’ недостасува културното влијание од нејзините предци.

- Ме фасцинира тоа што Војвотката од Кембриџ ги прави истите работи кои би ги правела една жена на крал во периодот од 1500-те па наваму, вели професорката, додавајќи дека нејзината главна улога е да обезбеди наследник.



- Улогата воопшто не е променета, иако сега Војвотката потекнува од средната класа и е Британка.

Нејзиниот став се надоврзува на оној на Хилари Мантел, авторка на книгата Wolf Hall, која во една пригода ја нарече Војвотката „кукла од излог, без свој карактер“, чија единствена намена била да роди кралски наследник.



Професорката по германска литература, која ја истражува културната улога на жените на кралевите со странско потекло, исто така смета дека Кејт потфрла на културното поле.

- Сè до Втората светска војна, кога еден крал требало да се жени, тој земал невеста која не потекнува од неговата земја, а која потоа имала многу важна улога во неговото кралство, воведувајќи странски културни елементи. Тие многу често со себе ги земале своите лични помошници, разни објекти, како книги, накит, облека и мебел, но и нематеријални работи како театарски жанрови, идеи или поинаква религија.



Професорката Хелен вели дека токму на таков начин принцезите играле активна улога во менување на културата на териториите на кои што се мажеле, поврзувајќи го придонесот на Ана од Данска која го имала за Велика Британија, како и Хенриета Марија од Франција и Катерина од Браганза. Сите три претставувале големи патрони на уметноста, воведувајќи нови правци во театарот, музиката и ликовната уметност.

- За разлика од нив, единственото нешто што Кејт го воведе во општеството се нејзините општествено амбициозни брат и сестра, Џејмс и Пипа, додава таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби