Германскиот супер модел Хајди Клум и нејзиното момче играчка, Вито Шнабел, деновиве одмараат во Сент Тропе.
Клум која не ретко го користи времето за да парадира со својот 28-годишен партнер, овој пат мораше да се задоволи со гумена ајкула и ладно шише пиво.
По се изгледа дека Вито повеќе ужива да лежи на сонце отколку да се милува со згодната Хајди, па 42-годишната манекенка си најде утеха во гуменото пријателче.
Парот помина дел од денот на луксузна јахта, а потоа се префрли на плажа воопшто не брзајќи се да ја напушти Франција.