По Витни трагичен крај и за Боби Кристина

Боби Кристина, ќерка на познатата пејачка, Витни Хјустон и нејзиниот партнер Боби Браун, почина на само 22-години.

-Боби Кристина Браун почина на 26-ти јули 2015-та година опкружена со најблиското семејство. Нејзината душа конечно е во Божји раце. Им благодариме на сите за љубовта и поддршката во текот на последните неколку месеци, стои во соопштението од семејството.

Кристина ги помина последните 6 месеци во кома откако мистериозно беше пронајдена онесвестена во својата када, свртена со лицето кон водата. Поради повредите на мозокот, лекарите исклучија секаква можност за закрепнување, па Кристина беше исклучена од апаратите и оставена да почине природно.

Околностите под кои Боби Кристина заврши во несвесна состојба се уште се под истрага, а според порталот TMZ, случајот понатаму ќе се води како убиство во кое главен осомничен е партнерот на Боби, Ник Гордон. Гордон претходно доби кривична пријава за насилство врз Боби Кристина, како и за крадење од неа додека била во кома.

Непосредно пред несреќата Кристина му се доверила на пријател дека Гордон не е човекот кој што таа мисли дека е и се договорила да се сретне со истата личност на 31 јануари. Но, Боби никогаш не стигнала на договорената средба бидејќи имала расправија со своето момче, по што е пронајдена онесвестена, со потечени усни и скршен заб.

Истрагата допрва треба да ги расветли околностите под кои се случи несреќата на Кристина и дали навистина станува збор за убиство или пак за несреќен случај. Боби Кристина беше единствената ќерка на легендарната Витни Хјустон, која во 2012-та беше пронајдена мртва во бањата на својата хотелска соба.

Родена во свет на интриги и дрога, за многумина Боби Кристина, едноставно беше предодредена да умре и да заврши трагично како и нејзината мајка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби