Откако кланот Кардашијан стана славен, можевме да забележиме разни трансформации во изгледот на Клои, која во последно време обожава да вежба. По долго трудење да ја намали тежината и да ја доведе фигурата до беспрекорност, веќе не се срами да се разголи и да ги покаже атрибутите.
Во средата, таа објави неколку фотографии на кои се гледа дека е облечена во костум за капење, кој го искористила за вежбање додека е на фамилијарен одмор. Сè што треба да кажеме е дека Клои е доволна мотивација за денес да ја посетите теретаната или барем да се потрудите да вежбате.