Интересен фустан, но погрешен избор на материјал. Оскаровката Хали Бери заврши со испотени кругови под пазувите за време на Revlon настанот организиран во Њујорк.
Четириесет и девет годишната актера изгледаше сосема несвесна за проблемот, па продолжи задоволно да се смешка пред фото репортерите.
Иако температурите не беа воопшто високи за да се препоти, Бери сепак имаше кругови од пот кои не беа ни малку привлечни за гледање. Следниот пат можеби треба да избере поинаков фустан или пак да биде помалку возбудена.