Овој викенд српските медиуми на големо пишуваа за свадбата на Северина и Игор која се случува денес во познатиот белградски хотел Crowne Plaza. Пред нивните фамилии и гостите се заколнаа на вечна љубов и го кажаа судбоносното „Да“.
Северина изгледала беспрекорно во бела венчаница изработена од тантела, а долгиот вел дополнително го доловувал моментот.
Гостите, меѓу кои и многу познати пејачи, биле воодушевени од изгледот на младоженците. Иако Северина забрани користење на мобилни телефони, сепак Ана Бекута успеала да ги фотографира и истата фотографија ја објавила на нејзиниот Instagram профил.