Бијонсе, Coldplay, Лејди Гага и Бруно Марс приредија настап за паметење

Синоќа се одржа Super Bowl, натпреварот во американски фудбал, кој Американците го чекаат уште со самиот старт на новата година. За овој посебен натпревар, во кој The Denver Broncos убедливо ги победија Carolina Panthers со резултат од 24-10, освен одличната игра, настапуваа и неверојатните музичари со цел да ја вжештат атмосферата уште повеќе.



За отварањето на големиот натпревар, беше задолжена Лејди Гага, која ја испеа химната на Америка. Облечена во црвен костум, со изразито црвена шминка, Лејди Гага го скрши мразот и им докажа на сите дека таа има одличен глас.

На нејзиниот настап не можеа да останат имуни ниту пијанистот, а ниту играчите.



За време на полувремето, настапуваа Бијонсе, Бруно Марс и Coldplay. Coldplay претставувајќи ја иднината ги исполни едни од нивните најголеми хитови, како што се „Yellow“, „Viva la Vida“, „Paradise“, „Adventure of a Lifetime“, а веднаш потоа се појави Бруно Марс, кој со својата екипа ја испеа „Uptown Funk“.



На крај се појави Бијонсе, која го претставуваше минатото, па не потсети на настапот на Мајкл Џексон од 1993 година, облечена слично како кралот на попот. Таа ја исполни нејзината најнова песна „Formation“, која ја објави на само еден ден пред настапот. Само Бијонсе може да го направи тоа, нели?



Таа изгледаше беспрекорно, а откако го видовме рамниот стомак, гласините за наводната бременост наеднаш ги снема.



Додека публиката уживаше во нивните настапи, благодарение на Pepsi, кој е официјален спонзор, гледачите беа обоени во разни бои и држеа транспаренти преку кои образуваа „Believe in Love“.



Бидејќи се работи за натпреварот кој е најпопуларен во Америка, познатите успеаа да си набават карти на време и да бидат во VIP делот на стадионот во Санта Клара. Тие успеаа да се пофалат и на социјалните мрежи.


Кетрин Зита Џонс заедно со Мајкл Даглас; Кејт Хадсон со брат и Оливер


Бијонсе, Џеј Зи и Ашер


Алесандра Амбросио


Адријана Лима


Нина Добрев


Дејвид Бекам заедно со Бруклин





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби