5 нешта кои треба да ги знаете за Меланија Трамп

Доналд Трамп е моментално најконтроверзниот претседателски кандидат кој се натпреварува за фотељата во Белата куќа. Претставник на Републиканската партија, Донал Трамп до сега беше критикуван за неговите конзервативни погледи и политики, но на изненадување на многумина, тој не се откажа од трката.



Доналд од 2005-та е во брак со словенечката екс манекенка Меланија Трамп. Таа е негова 3-та сопруга и мајка на 10-годишниот Бајрон Вилијам Трамп, најмладото дете на Доналд, но кои се останатите нешта кои треба да ги знаете за Меланија?



1. Таа е натурализиран граѓанин на САД

По венчавката со Доналд, Меланија која е всушност родена и израсната во Севница, Словенија (екс СФРЈ) стана натурализиран државјанин на САД. Ако Доналд биде избран за претседател, Меланија ќе биде само 2-та „прва дама“ која не е родена на американско тло. Првата е Луиза Адамс, сопругата на Квинси Адамс.



2. И таа е успешен бизнисмен

Како што Трамп има „империја“ во казина и недвижнини, така и Меланија има своја „империја“ во QVC синџирот на продавцници каде ја продава нејзината линија на дизајниран накит.



3. Доналд ја поканил на состанок додека веќе бил на состанок со друга жена

Се запознале додека и двајцата биле во придружба на други луѓе. Доналд и го побарал телефонскиот број, но Меланија одбила бидејќи веќе и двајцата биле во врска. Подоцна таа му побарала контакт телефон, а Трамп и дал 3 од неговите телефонски броеви. Според американските медиуми останатото е историја.



4. Позираше гола

Меланија е можеби првата потенцијална „прва дама“ која позирала гола за насловна страна на магазин. Таа во 2000-та година се соблече за британската верзија на GQ магазинот.



5. Се разбира во политика, но не ги искажува политичките мислења во јавноста

Причината за тоа е да не го одвлече вниманието од кампањата на Доналд, но таа за американските медиуми призна дека двајцата често дискутираат за тековните проблеми во кампањата и Доналд всушност ја прашува за совети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби