Кардашијан во бело: Каније промовираше нова колекција и албум

Синоќа се одржа ревијата Yeezy на Каније Вест, каде што освен новата колекција, тој го промовираше и неговиот нов албум „The Life of Pablo“. На ревијата се појавија уредничката на Vogue, Ана Винтур, супер-моделот Карли Клос, Џејден Смит и нормално целиот клан Кардашијан-Џенер.



Додека претходната колекција беше исполнета со мрачни бои, овој пат Каније се решил за неутрални нијанси, како на темни така и на светли бои почнувајќи од светли нијанси на жолто, кафено, сино па сè до црно. Главна на модната писта беше неверојатната Наоми Кембел, која опуштено се движеше облечена во црн комбинезон и долго крзно.



Сите се изненадија од изгледот на Ким, која се појави како блондинка! Целото семејство беше облечено во бели нијанси, па дури и Кејтлин Џенер, која носеше ист фустан како и Кендал. И Норт-Вест беше облечена во бело палто, лижејќи лижавче, сигурно за да не плачие како минатогодишната ревија, каде што го зема целото внимание од моделите.



Исто така, тие приредија уште едно изненадување! Клои и Ламар се појавија заедно на ревијата, исто како во времето кога беа пар. Но, дали ова значи дека тие решиле да се смират и да го продолжат бракот?



И на двајцата им беше пријатно што се во друштво еден на друг, па постојано се смешкаа!



Како дел од гостите беа и Џиџи и Бела Хадид, момчето на Кајли, Тајга и пријателот на Ким, Џонатан.



Сепак, по фацата на Каније може да се заклучи дека тој бил многу задоволен од исходот и на ревијата и на албумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби