Амбер Роуз постојано ги покажува своите бујни облини, но на начин на кој таа сака, а не како навистина изгледаат. Вештото работење на фотошоп го покрива целулитот и ѝ ги измазнува нозете.
Во времето на плус-сајз моделите и големите задници, секоја жена посакува да има поголем задник, на кој многумина би му завидувале, но некако тешко е да се одржи истиот. Не може да се има голем задник без целулит и истиот да биде затегнат. Фотографиите што ги гледаме од старлетите се „совршено испеглани“ и ни налагаат погрешни претпоставки за нивните тела.
Амбер неодамна објави фотографија на својот профил на Instagram, облечена во црно боди, каде што нозете и се совршено мазни. Сепак, ако ја споредите нејзината фотографија со онаа на која таа е на плажа, ќе забележите значителна разлика.
Good Morning 😎
A photo posted by Amber Rose (@amberrose) on
Колку за потсетување, погледнете го задникот на Амбер и Блек Чајна, па потоа потрудете се да им завидувате повторно. Изгледа дека вишокот килограми за нив се совршени облини.