Кајмакоски како Тина Тарнер: Имитација вредна за прво место!

Даниел Кајмакоски не се плаши од предизвици. Впрочем изгледа како да ги обожува!

Во третата епизода од „Tvoje Lice Zvuci Poznato“ пејачот ја имаше тешката задача да се трансформира во Тина Тарнер.

Освен тоа што одлично се снајде на потпетици, Даниел максимално се потруди да го долови гласот на светски познатата дива.

Имитацијата освен што го воодушеви жирито доби најмногу поени и од гласањето на преостанатите натпреварувачи, па така Кајмакоски го освои првото место во вечерашната епизода.

Чекот од 1000 евра, наменет за хуманитарна цел, ќе му го додели на момчето Кико од Крушево, за чијa што здравствена состојба не сакаше да открие повеќе детали.

TLZP и оваа недела приреди интересни изненадувања и неочекувани музички комбинации на сцената.

Спојувањето на Јеца и Цеца, или подобро кажано на Дара Бубамара и Милица Павловиќ, помина подобро од очекуваното.

Милица се потруди најдобро што може да ја „скине“ Цеца, додека Дара и покрај непријателството со Карлеуша најпрофесионално си ја заврши задачата.

Најемотивниот момент на вечерта несомнено беше имитацијата на Каја Остоиќ која требаше да изведе песни од Ивана Петерс.

За време на настапот на сцената се појавија Гоца Тржан и преостанатите членови од некогашната група „TAP 001“ во која Петерс своевремено членуваше, што пријатно ја изненади пејачката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби