Претседателот на САД, Барак Обама пристигна во првата посета на Куба на било кој преседател на САД на оваа држава во речиси 90 години.
Барак Обама приситигна во Хавана заедно со првата дама Мишел и двете ќерки, Малија и Саша, а покрај политичката причина за посетата, семејството Обама привлече внимание и со имиџот.
Поточно тоа го направија двете ќерки. Мишел пристигна во дождливата Хавана во препознатливиот фустан во цветен дизајн од Каролина Херера, но Малија и Саша воодушевија со сптортко-елегантниот имиџ.
Малија носеше цветен фустан како мајка си и бели патики, а Саша црн фустан со црни патики. Погледнете ги Малија и Саша.