Сè уште мистерија кој стои зад убиството на Јелена

Деталите за убиството на српската пејачка Јелена Крсмановиќ се повеќе ја ужаснуваат јавноста во Србија. Последните информации откриваат дека во близина на телото е пронајдена крв која веднаш е дадена на анализа.

-Полицијата го испитува ДНК примерокот земен на местото на злосторството и во текот на денот се очекува да бидат добиени резултати. Никој не сака да шпекулира, но постои можност Јелена во обид на самоодбрана да го повредила напаѓачот и тоа да е негова крв, вели извор од полицијата.

Телото на пејачката е дадено на обдукција со цел да се открие како настанала смртта и дали при нападот била силувана. Сопругот на Јелена денес повторно ќе биде ставен на полиграфски тест бидејќи се верува дека за време на првото испитување бил под дејство на седативи.

Во меѓувреме кумата на убиената, вели дека мајката на пејачката упорно се обидувала да ја добие својата ќерка во саботата кога исчезна.

-Мајката на Јелена и ѕвонела во саботата попладне, околу 10 за 17, кога повикот и бил одбиен. Половина час подоцна, во 17 и 30, мајка и и ѕвонела уште еднаш. Тогаш некој се јавил на телефонот, но од другата страна се слушала само тишина која траела 43 секунди.

Дали Јелена била жива во тој момент или пак веќе била убиена, сè уште останува непознато.

Познатата пејачка Нада Топчaгиќ откри дека нејзината пријателка добивала закани по живот, кои воопшто не ги сфатила сериозно, па дури и се смееле на нив мислејќи дека се од некој што и завидува на успехот.

-Јелена неодамна ми раскажа дека добивала пораки во кои и се закануваат со силување и смрт! И стигнуваа пораки со текст: Многу си убава. Ќе те киднапирам, па ќе те убијам. Ми ги покажа пораките и со свои очи се уверив. Сепак, заедно се смеевме на тоа бидејќи мислевме дека е шега или во најлош случај нечија љубоморна пакост. Токму затоа не ги пријави тие ужасни пораки во полиција. Се сеќавам дека и реков: Ти го испраќаат ова само за да те заплашат. Ти завидуваат сакаа да ти ја уништат кариерата, раскажува Топчaгиќ.

-Сите сме шокирани! Кој монструм би можел да направи такво нешто? Многу сум исплашена и никогаш повеќе нема да шетам сама. Јелена беше неверојатно добра. Беше примерна мајка и жена. Ќерка си ја носеше како кенгур, секогаш со неа. Што ќе прави малата Јана без мајка си?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби