Убиена со чекан: Сопругот на Јелена останува во притвор

Сопругот на Јелена Марјановиќ Крсмановиќ најверојатно ќе добие 30 дневен притвор поради тоа што давал контрадикторни изјави поврзани со убиството на пејачката.

Зоран Марјановиќ не знаел да објасни зошто нејзиното исчезнување го пријавил после 4 часа и давал лажни изјави на медиумите. Освен тоа одбил да објасни зошто рацете му биле крвави и изгребани.

-Зоран е задржан во полиција затоа што во неговите изјави има многу недоследности. Одговорите му се многу конфузни и контрадикторни. Кога го прашавме зошто исчезнувањето на сопругата го пријавил дури во 20 часот, четири часа подоцна од кога ја немало, не знаеше да даде прецизен одговор. Не беше убедлив ни кога му баравме објаснување зошто на новинарите им рекол дека полицијата не може веднаш да започне со потрага кога интервентната бригада со кучиња веќе беше на терен. Крвта и гребаниците на своите раце се обиде да ги објасни со тоа дека очајно се обидувал да ја најде својата сопруга што не нè убеди во приказната. Делува како да не е во состојба да дава прецизни одговори и затоа е одлучено да се задржи во притвор, вели извор од полицијата.

Семејството на убиената Јелена не сака да има ништо со него додека не се дознае дали имал нешто со нејзината смрт.

- Не сакам нешто да тврдам пред време и се надевам дека полицијата максимално професионално ќе си ја заврши работата и ќе го најде убиецот. Со семејството на Зоран не сме во контакт и додека сето ова не се заврши и не видиме резултати од истрагата, не сакаме да го видиме ниту пак да го поминеме прагот на нивната куќа, изјавува стрината на пејачката.

Обдукцијата на телото покажа дека била усмртена со удари во главата од тап предмет, најверојатно чекан. Освен тоа е утврдено дека не е силувана. Под ноктите е најден биолошки материјал за кој се претпоставува дека му припаѓа на убиецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби