Зошто во 2016-та умреа толку познати ѕвезди?

По смртта на Принц, многумина сериозно започнуваат да мислат дека 2016-та е проколната година. Само 4 месеци од нејзиниот почеток, нема месец што не е одбележан со смрт на некоја позната личност.

Нумеролошки 2016-та е година на бројот 9 или поедноставно кажано година на завршетоците. Но, дали тоа е доволно објаснување за сè што се случува?

BBC направи мал преглед на темата и има неколку претпоставки зошто во последно време добиваме само тажни вести од светот на богатите и познатите.

Според првата сега едноставно им дошло време за умирање.

-Луѓето кои станаа познати во 1960-тите сега влегуваат во своите 70-ти и започнуваат да умираат. Освен тоа има повеќе познати луѓе од порано што имало. Во генерацијата на мојот татко и дедо, единствените познати луѓе биле оние од кино, немало телевизија, вели Ник Серпел, уредник во BBC.

Многу од оние кои сега умираат припаѓаат на таканаречената бејби бум генерација што е родена во периодот помеѓу 1946-1964, кога имаше голем раст на популацијата, а со тоа и поголеми шанси од родените да влезат во светот на шоу бизнисот.

Сега тие бебиња се на возраст од 52 до 70 години, период кога се поподложни на најразлични болести, а со тоа и на смрт.

Уште една причина поради која сме бомбардирани со вести за починати ѕвезди е во модерниот начин на комуницирање.

-Во последните 10 години социјалните медиуми играат голема улога во овој феномен, објаснува Серпел.

Неколку часа пред смртта на Принц, почина и поранешната борачка и порно актерка Чајна. Веста за нејзината смрт за кратко се прошири низ целиот свет благодарение на Twitter, што уште еднаш покажува дека социјалните мрежи го забрзуваат процесот на ширење на информациите.

Ова значи дека наскоро можеме да очекуваме уште смртни случаи од оваа генерација. Но, не се исклучени и лоши вести за несреќни случаи на луѓе кои воопшто не требале да умрат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби