Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна откри дека е заљубена, а сега објави слика која можеби има врска со нејзината изјава. Велиме можеби, бидејќи не потврди во кого е вљубена.
Но, затоа пејачката откри покрај кого се буди. Како што можете да видите од сликата, не станува збор ниту за девојка, ниту за момче, ниту пак за човечко суштество.
- Колку е убаво да се разбудите покрај нас - напиша Марија на слика со нејзиното куче!
Станува збор за булдогот со име Роби кој Марија го обожува.