Најатрактивните актерки во Холивуд

Нивниот изглед плени илјадници мажи низ светот, а единственото нешто што тие го прават е да глумат во високобуџетни филмови и да парадираат на црвениот тепих.

Тие се едни од најубавите жени на светот, а ова е нашата топ листа.

Софија Вергара

Ѕвездата на „Modern Family“ e сè што би посакал еден маж. Доволно искусна за да ја води играта, супер забавна и се разбира совршено пополнета. Градите на Софија се топ тема каде и да се појави, а нешто по што секогаш ја забележуваме се и раскошните фустани кои ги носи на големите настани.

Шарлиз Терон

Висока русокоса со став на модерна и бестрашна жена. Освен тоа што изгледа како божица поседува шарм со кој лесно плени. Оваа убавица од Јужна Африка е првата жена од оваа земја што освоила Оскар, па тоа ја прави уште поинтересна во очите на нејзините обожаватели.

Ема Стоун

Не може, да не ја сакате. Ако не паднете на насмевката, тогаш ќе ве освои веселиот поглед. Да не заборавиме дека има одлична смисла за хумор и совршена дарба за глумење, па лесно ќе се вклопи во улогата на девојка од соседството во која се вљубени сите момчиња.

Скарлет Јохансон

Уште една атрактивна русокоса, која сме ја виделе како подеднакво добро глуми емотивни жени, но и опасни акциони херои. Да, не заборавиме дека изгледа подобро од милион долари и покрај тоа што е мајка. Совршен пример, за совршена жена.

Меган Фокс

Можеби не ги добива најдобрите улоги во Холивуд, но обожавателите ја сакаат токму поради нејзиниот супер секси изглед. Пред некое време таа и нејзиниот сопруг, Брајан Остин Грин, соопштија дека се разведуваат. Сепак, плановите за разделба паднаа во вода бидејќи Фокс е бремена со третото дете од Грин.

Мила Кунис

Талентираната Мила Кунис потекнува од еврејско семејство од Украина. Неколку пати досега беше прогласена за најубава жена на светот, а ќе ја паметиме по нејзините улоги во „Black Swan“ и „Friends With Benefits“. Да не заборавиме дека успеа да и го украде Ештон Качер на Деми Мур и со него да основа семејство.

Џесика Алба

Алба е многу повеќе од секс симбол. Таа е актерка, мајка и успешна деловна жена со сопствен синџир на бебешки продукти. Освен тоа изгледа одлично во бикини. Како да не биде една од најпосакуваните актерки на светот?

Џесика Честејн

Црвенокосата убавица има вроден сексапил со кој што лесно ги привлекува машките обожаватели. Неодамна призна дека за време на снимањето на The Huntsman: Winter's War, поминала цели 9 часа во бањата со нејзиниот колега од филмот Крис Хемсворт. Среќен човек!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби