Како се запознаа Вилијам и Кејт?

Денес е годишнина од бракот на Вилијам и Кејт. Двојката која се запозна на колеџ, денес ги прослави своите 5 години брак.

Кејтлин Мидлтон на свои 20 години се запознала со принцот Вилијам и тоа преку заеднички пријатели од колеџот Св. Ендрус во Шкотска. Постојано се дружеле на забавите, јаделе пица, но и играле заедно тенис. Подоцна Кејт организирала студентско модно шоу, каде што се појавила во проѕирен фустан, само по долна облека. Многумина се шегуваат дека токму тогаш Вилијам се вљубил во Кејт.



Подоцна, заедно беа видени на зимски одмор во Клостерс, каде што за прв пат се бакнале и оттогаш се неразделни.

Се слушаа разни гласини, за тоа дека не може Кејт со стилот на облекување да биде идната Леди Ди, но на сите им стана јасно дека еден ден ќе дојде тоа за време на доделувањето на дипломите. Токму тој ден, родителите на Кејт, Керол и Мајкл им се придружија на кралицата Елизабета и принцот Чарлс заедно со Кејт и Вилијам за да го прослават дипломирањето на нивните деца. Од тогаш сите очекуваа наскоро да заблеска голем дијамантски прстен на раката на Кејт.



На изненадување на јавноста, во април 2007 година, парот се раздели. Беа разделени неколку месеци и дури јавно прозбореа дека овој пат навистина е крај. Сепак, не можеа да поднесат да бидат разделени и се смирија. Две години откако повторно се вратија во врска, односно во ноември 2010 година, тие се свршија, а Кејт со огромно задоволство го покажа нејзиниот свршенички прстен.

Како плод на нивната љубов се родија двете деца, Џорџ и Шарлот. Сега веќе Кејт изгледа како вистинска принцеза, чиј изглед редовно го копираат младите Британки и скоро сите ја заборавија девојката во проѕирниот фустан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби