На бизарностите им нема крај, кога станува збор за случајот на убиената ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ.
Додека полицијата активно го бара убиецот на пејачката, нејзиниот сопруг Зоран планира песната која Јелена започнала да ја снима пред смртта да и ја понуди на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
-Сакам да ја завршам таа песна. Чекав да поминат 40 дена малку психички да се средам, за да можам да влезам во студио, вели тој.
Според неговите зборови Јелена снимила само една строфа од песната, па се надева дека Цеца ќе се согласи да ја испее песната до крај со оглед на тоа дека починатата многу ги пеела песните на познатата турбофолерка.