Бринетата Емили Ратајковски која стана позната откако се појави топлес во видеото на Фарел и Робин Тик, Blurred Lines, постојано објавува провоцирачки фотографии. Често се дружи со Ким Кардашијан па можеби и од неа учи разни пози.
Овој пат, на својот профил на Instagram објави фотографија на која носи интересна провидна маица. И сето тоа би изгледало само како една обична фотографија, ако не ја кренела раката и од страна и се гледа едната града. На тоа додала заводнички поглед и подотворени усни и сето тоа е сосема доволно за јасна провокација.