Малтретирана сопруга или вешта лажга?

Разводот на Џони Деп и Амбер Херд станува се поинтересен за таблоидите откако актерката го обвини својот сопруг за физичко насилство и се појави во судот со модринка на лицето.

Херд достави неколку фотографии до надлежните органи со кои се обиде да докаже дека Деп под дејство на алкохол и дрога ја нападнал со нејзиниот iPhone.

-Тој има краток фитил. Често е параноичен и неговиот темперамент е мошне застрашувачки за мене. Неколку пат досега беше физички насилен и ми се закануваше, стои во изјавата на Херд. По нејзиното сведочење Деп доби забрана за приближување.

Сепак, оние кои добро го познаваат актерот не се убедени во приказната на неговата сопруга. Фотографијата што беше објавена на Instagram само ден по наводниот напад на Деп, ја покажува актерката во добро расположение со своите пријателки.

Во меѓувреме се огласи и долгогодишната партнерка на Џони Деп, Ванеса Парадис.

-Џони Деп е таткото на моите две деца, тој е чувствителна и сакана личност и со целото мое срце верувам дека последните обвинувања се срамни! Сите овие години откако го знам Џони, тој никогаш не бил физички насилен со мене и ова воопшто не личи на човекот со кој поминав 14 прекрасни години, вели таа.

Интересно е да се спомене и дека на 911 повикот кој што го направила Амбер,полицијата не забележала никакви докази на било каков напад.

Дали русокосата убавица вешто манипулира со доказите и сака да присвои што поголем дел од богатството на Деп, кое е проценето на повеќе од 400 милиони долари?

Постојат повеќе претпоставки за тоа што точно се случило помеѓу Деп и Херд. Некои тврдат дека Амбер го изневерувала актерот со својата блиска пријателка, Кара Делевиљ, по што Деп едноставно полудел, додека други тврдат дека во нивниот брак постоеле проблеми уште во самиот старт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби