Полицијата му постави секс мамка на Зоран?!

Сопругот на убиената Јелена Крсмановиќ –Марјановиќ е далеку од маж кој тагува по својата сакана. Само ден пред 40 дневниот помен на Јелена, Зоран се допишувал со Рада. М. од Виена и разменувал пораки со сексуална содржина.

Но, она што не го знаел во моментот е дека Рада и дозволила на полицијата да зборува со него во нејзино име.

 


Пораките помеѓу Зоран и Рада во еден момент започнуваат да добиваат чуден верски контекст

-Предобра си Радо...Не си џабе покрај мене, но биди подготвена на искушение. Праведни се христовите витези кои го најавуваат неговото повторно доаѓање. Дали ја чувствуваш силата на творецот, светиот отец? Го гледаш клучот на вистината пред спиење, испрати љубов на својот отец небесен и ќе ја почувствуваш силата што се спушта врз тебе...и ти дава сè што ти е потребно...И од тој момент творецот ги презема чекорите твои и точно знае како да не ги промашиш светлата на патот... Тоа во овој момент е клучот на спасението, пишува Зоран.

Рада. М. од Виена, им послужила на белградските инспектори како мамка за разоткривање на убиството на Јелена Крсмановиќ. Девојката била избрана врз основа на нејзината сличност со пејачката. Сепак, обидот да го притеснат Зоран заврши како фијаско бидејќи пораките излегоа во јавноста и целата игра е разоткриена, а убиецот сè уште е на слобода.

-Ме донесоа во Белград, но не испочитуваа ниту еден договор. Не ми ги платија ниту патните трошоци како што ветија. Што сакаат од мене, да им го решам убиството? Ова е срамота за Србија и сè ќе кажам во јавност, изјавува таа за Курир.

Според нејзиното кажување пораките со сексуална содржина не ги пишувала таа, туку полицијата која што смислила стратегија како да го намами Зоран да се издаде.

-Тие на кои им ја дадов својата шифра од FB за да можат да се допишуваат со Зоран не ми се ни јавија на состанокот додека бев во полиција. Ништо не правеа по договорот. Немам намера повеќе да се состанувам со нив, се враќам во Виена на сопствен трошок, додава Рада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби