Антон Јелчин од „Ѕвездени патеки“ почина во трагична несреќа

Актерот Антон Јелчин (27) кој го гледавме во улогата на младиот Павел Чеков во новиот серијал на Star Trek, e пронајден мртов на патот кон својот дом во Сан Фернадино, Калифорнија.

-Антон Јелчин рано утринава почина во фатална сообраќајна незгода. Неговото семејство во моментот бара да ја почитувате нивната приватност, изјави публицистот на Јелчин.

Јелчин починал откако бил удрен од сопственото возило, по што завршил згмечен помеѓу автомобилот и поштенското сандаче од цигли кое е во склоп на капијата.

По се изгледа дека возилото едноставно се поместило поради стрмнината на која што се наоѓа патеката кон неговиот дом и го фатило актерот неподготвен.

Неговите пријатели и колеги се уште се во неверување по веста за неговата смрт.

Социјалните мрежи се преполни со коментари за трагичната загуба на актерот кој пред себе допрва требаше да има блескава филмска кариера.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби