Том Хиделстон и Тејлор Свифт се новата шоубизнис двојка која што ги полни насловните страни на светските таблоиди.
Нивната врска е мошне интересна за медиумите поради тоа што Тејлор заврши со Том за многу кратко време откако раскина со диџејот Калвин Харис.
Некои велат дека Том паднал на Тејлор, а други дека било сосема обратно. Гледајќи ја новата фотосесија на Хиделстон за W Magazine, јасно ни е зошто пејачката заврши токму со него.
Згодниот Локи позира во долна облека на креветот, но и босоног во супер секси сино одело.
Зар некој може да му одолее на ова?!