Романсата помеѓу Кејти Холмс и Џејми Фокс циркулира во таблоидите неколку години, но дури сега е потврдена, од блиска пријателка на Оскаровецот.
Клаудија Џордан, пријателка на Џејми потврди за американските медиуми не само дека двајцата се во врска, туку дека нивната романса трае околу 3 години. Врската двајцата ја држат во строга тајност и избегнуваат заедничко појавување во јавноста каде би можело да бидат фотографирани од папараци фотографите.
Џордан додаде и дека двајцата се среќни заедно, а и дека го делат времето во Лос Анџелес каде што најчесто Џејми живее и работи, но и во Њујорк каде што Сури 10-годишната ќерка на Кејти учи во основно училиште.
Кејти и Џејми се запознаа во 2004-та година кога Џејми го сними Collateral филмот во кој глумеше со екс сопругот на Кејти, Том Круз.
Џејми следната година ќе го видиме во повеќе одлични филмови, меѓу кои и Baby Driver најновиот проект на Едгар Рајт.