Мила Кунис и нејзиниот сопруг Ештон Качер ќе станат родители по втор пат. Потврдата за втората бременост брачниот пар ја даде за медиумите минатата недела, а сега и папараци фотографите го „уловија“ зголемениот стомак на Мила.
Мила, Ештон и 20-месечната Вајат беа забележани низ улиците на Беверли Хилс како се шетаат и уживаат во слободното време додека пристигнат нивните работни обврски промовирајќи ги најновите филмови.
Мила следниот месец ќе ни го престави Bad Moms, комедијата со Кристен Бел и Кетрин Хан, додека пак Ештон ќе биде дел од новата серија The Ranch.