Најголемите светски ѕвезди упатија моќна порака: Доста е убивање!Кампањата за човечките права и продуцентот Рајан Марфи со помош на 49 познати личности, снимаа 18 минутно видео преку кое се трудат да го зачуваат споменот на оние кои го изгубија животот во Орландо. Токму бројката 49 е бројот на жртвите кои настрадаа во геј клубот каде што еден човек влезе и со пиштол ги усмртил поради тоа што биле хомосексуалци.
Имено, преку ова видео, се промовира љубовта, а не омразата без разлика на сексуалната ориентација. Во видеото може да ги видиме Џерард Батлер, Софија Вергара, Џејн Фонда, Ема Робертс...
|