Најпознатата спортска двојка, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се венчаа вчера во една црква во Венеција.
Тенисерката блесна во раскошната топ венчаница. По едноставниот фустан што го носеше за време на првиот ден од свадбата, за вториот ден избра гламурозна венчаница. во која излгедаше како принцеза од бајките.
Time To Go!!!
A photo posted by Ana Ivanovic (@anaivanovic) on
It's time ❤️
A photo posted by Bastian Schweinsteiger (@bastianschweinsteiger) on
Богатата венчаница имаше долг шлеп, за кој имаше потреба од асистенка при влегувањето и излегувањето од чамецот, со кој младенците дојдоа на свадбата.
Ана до олтарот ја испрати татко и, а фотографите успеале да ја сликаат и внатрешноста на црквата каде двојката се венча.
Ана и Бастијан првите заеднички фотографии ги објавија на нивниот профил на Инстаграм со коментарот „Господин и госпоѓа“.
Mr. & Mrs. ❤️
A photo posted by Bastian Schweinsteiger (@bastianschweinsteiger) on
Бидејќи оваа свадба со месеци беше очекувана фотографите беа на висина на задачата и успеале да ја сликаат и бурмата на тенисерката.