Пипа Мидлтон конечно со прстен на рака

Викендов беше еден од посреќните викенди за Пипа Мидлтон, сестрата на Кејт, војвотката од Кембриџ.  Таа заедно со нејзиното момче Џејмс Метјус, кој е мултимилионер, уживале во заеднички викенд, кога Џејмс клекнал на колено и ја побарал за жена. Пипа била многу возбудена бидејќи не го очекувала ова, но веднаш кажала „Да“.



Нивната врска никогаш не беше официјализирана, бидејќи ниту еден од нив двајца не ја потврдија. Претпоставките беа дека  се во сериозна љубовна врска со оглед на тоа дека Пипа често одела во неговиот хотелот на Карибите, каде престојувале и нивните семејства. Се претпоставува дека Џејмс претходно побарал согласност од родителите на Пипа, за дали може да ја побара за жена.



Тие биле пресреќни и сметаат дека токму Џејмс е вистинскиот човек за нивната помала ќерка. Таа стана мета на фоторепортерите, но и на целата јавност откако пред пет години беше една од најфотографираните девојки на кралската свадба на нејзината сестра, облечена во тоалета од Alexander McQueen. Оттогаш сите го следат нејзиниот чекор и често измислуваа секакви приказни. Сепак, Пипа во тоа време беше во врска со долгогодишното момче Нико Џексон, но откако раскина често ја гледаа во друштво со Џејмс. Од декември месец, двојката е неразделна и се труди секој слободен момент да го помине заедно.

Најверојатно свадбата ќе се одржи идната година и ќе биде втора најпопуларна свадба во Британија од свадбата на Кејт и Вилијам. Очигледно дека двете сестри се сместија многу добро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби