Во последно време некако не и оди сè по планот на Тејлор Свифт. Откако раскина со Келвин Харис со кој беше во врска скоро година и половина, за многу брзо време си фати ново момче, Том Хидлстон. Во магазините се пишува на големо дека нивната романса е чисто привлекување внимание, бидејќи никој не верува во нивната љубов. Потоа се скара со Ким и Каније Вест, а овој пат и дозна дека нејзиното поранешно момче има нова девојка.
Станува збор за 23-годината Тинаши, со која тој соработувал на песната „Dollar Signs“ уште во 2014 година. Се зборува дека тие се заедно неколку недели и дека сега се само на почеток на романсата, бидејќи излегле на неколку состаноци.