Жан Клод Ван Дам демонстративно и луто го напушти интервјуто со една австралиска телевизија откако му беше поставено прашање за романсата што своевремено ја имаше со Кајли Миног.
Откако одби да одговори на прашањето Ван Дан вознемирено започна да упатува погрдни зборови и по кратка постапка го прекина интервјуто.
Изгледа дека актерот бил вознемирен уште пред почетокот на разговорот бидејќи постојано го иритирал фактот што луѓето зборуваат зад камерите и што многу се поти.
-Да ми се допаѓа Кајли, сите ми се допаѓаат. Може ли да дојдам во Австралија и да зборувам со вас? Извинете момци, но не можам да го правам ова повеќе, вели тој.
Жан Клод е навреден бидејќи во последните 25 години секогаш му ги поставуваат истите прашања, кои според него веќе се здодевни.
-Следно прашање? Имате нешто интересно што би сакале да ме прашате?