Осум месеци по породувањето со синот Сеинт, Ким Кардашијан, буквално се топи пред нашите очи.
Реалити ѕвездата е цврсто решена да им ја затвори устата на сите хејтери кои постојано ја критикуваат дека ги фотошопира фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи и дека во суштина не е толку слаба како што тврди.
Сепак, од нејзиното последно појавување во јавноста за роденденот на помалата сестра Кајли Џенер, Кими покажа дека нејзиното тело е во супер форма.
Кардашијан сè уште ги има препознатливите облини, но обемот на нејзината половина е видно намален. Во црниот фустан и високите чизми од колекцијата на сопругот Каније Вест, Ким буквално го запира сообраќајот.