Кога Амбер Херд го обвини сопругот Џони Деп за семејно насилство многумина не поверуваа во нејзината приказна и ја обвинија дека лаже со цел да добие медиумско внимание и пари.
Деновиве нивната бракоразводна парница заврши со спогодба од 7 милиони долари кои легнаа на сметката на атрактивната русокоса. Но, наместо да ужива во новостекнатото богатство, актерката направи сосема неочекуван потег и вети дека парите ќе ги даде во хуманитарни цели.
Речено, сторено!
Целата сума на пари ја донираше на две институции, организацијата за заштита на правата, American Civil Liberties Union и на Детската болница во Лос Анџелес, каде пред 10 години работела како волонтер.
Херд изјави дека парите воопшто не играле улога во целата приказна со Деп, но и дека сега кога ги има ги дава на оние на кои навистина им се потребни.