Идриз Елба можеби ги негираше шпекулациите дека ќе биде следниот Џејмс Бонд, но тоа не значи дека не е зафатен човек. Англискиот актер моментално е зафатен со продукцијата на СФ трилерот The Dark Tower, но тоа не го спречи да ја искористи паузата од снимањето за да се подготви за нов поинаков проект.
Утре ќе учествува во полуаматерски бокс меч. Идриз веќе ги прикажа фотографиите од напорниот тренинг и вежбањето за самиот меч на социјалните мрежи.
Како изгледа Идриз за време на подготовките?