Познатите и нивните предбрачни договори: Луди барања за сигурна љубов

Познатите личности освен што тежат милиони, популарни се и по нивните брзо склучени бракови и исто толку брзо направени разводи. За да си обезбедат „сигурна љубов“, прават предбрачни договори во случај на изневерувања и разводи. Кои се најшокантните предбрачни договори кои ги направиле познатите?

Џесика Биел  и Џастин Тимберлејк



Откако се венча оваа двојка, се слушнаа муабети дека во нивниот предбрачен договор стои дека Џесика  во случај на неверство од пејачот ќе добие половина милион долари.  Причината за нејзиниот страв е во тоа што тој ја изневери на почетокот од нивната врска со актерката Оливија Мун.

Клои Кардашијан и Ламар Одом



Реалити ѕвездата во својот предбрачен договор имала многу барања. Помеѓу сите ситници, во случај на развод барала половина милион долари за секоја година од бракот, 5000 долари месечно за облека, 1000 долари за козметички третмани и карти за L.A Lakers за целото семејство.

Никол Кидман и Кејт Урбан



Кантри пејачот со години се бори со зависноста од кокаин, а пред венчавката со актерката, таблоидите пишуваа дека парот потпишал предбрачен договор во кој стои дека ако Урбан повторно тргне по тој пат, бракот ќе се поништи. Во првите четири месеци со Никол, пејачот по трет пат се пријавил во клиниката за одвикнување.

Чарли Шин и Брук Мулер



Нивниот договор се состоел од 60 страници преполни со луди барања. Брук заработила 500.000 долари со самото тоа што кажала „ДА“. Во договорот стоело дека мора да добива 300.000 долари за секоја година од бракот со Чарли. По разводот земала уште 100.000 долари за преселување и го задржала автомобилот кој заедно го возеле.

Бен Афлек и Џенифер Лопез



Предбрачниот договор на несудениот брачен пар наводно бил еден од најлудите во Холивуд. Пејачката во договорот ставила клаузула за изневерување, во која стои дека ќе и припадне половина имот во сопствеништво на актерот. Тој пак сакал да се осигура дека ќе има секс најмалку четири пати неделно. Имено, Бен со самото тоа што се согласил на брак со Џенифер си добил 5 милиони долари. На крај, славниот пар ја раскина свршувачката по две години врска.

Елин Нордегрен и Тајгер Вудс



За шведската манекенка Елин, предбрачниот договор многу се исплати. Професионалниот играч на голф, ја изневери со десетина жени во 2009 година. Кога неговата сопруга поднесе документи за развод, Вудс со тим адвокати успеа да промени некои клаузи од предбрачниот договор. Но, Елин си замина со 100 милиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби