Актерот Чарли Шин се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, поради што нема да може да плаќа алиментација за децата. Проблематичната холивудска ѕвезда има четири деца од претходните два брака.
Наводно, тој ќе побара од судот да му ја намали месечната алиментација, која моментално ја плаќа околу 55.000 долари месечно. На втората сопруга, Дениз Ричардс, и понудил недвижнина како компензација, додека со првата сопруга, Брук Милер, планира да работи на заеднички проект.